Унапредување на образованието во општините

614

Времетраење: март 2006 – февруари 2008
Донатор: Институтот за одржливи заедници – ИОЗ во рамките на проектот на Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) – Проект за јакнење на граѓанското општество

Цели: Да се обезбеди поддршка за граѓанското општество преку воспоставување на ефикасни локални партнерства коишто ги олеснуваат процесите на децентрализација на образованието во Северна Македонија; воспоставување партнерски механизми меѓу општините, училиштата и невладините организации за целите на подобрување на образованието во Северна Македонија; поттикнување активности за подобрување на образованието на општинско ниво.

Резултати:
• Зајакната комуникација и соработка меѓу општините, училиштата и НВО за целите на решавање на проблеми во областа на образовнието во заедницата;
• Градење на капацитетите на претставниците од училиштата, НВО и општинските службени лица за поддршка на процесите за децентрализација на образованието;
• Беше воспоставено Општинско образовно тело (ООТ) во 10 избрани општини опфатени со проектот, коешто се состои од 5 члена – претставници од основните училишта и локалните НВО и службени лица од општините;
• На сите општини им беа обезбедени мали грантови со цел истите да се алоцираат според училишните приоритети утврдени од ООТ;
• Беа усвоени општински образовни политики како модел за поддршка на процесот на децентрализација на образованието, со цел да се обезбеди поддршка на одржливоста на воспоставените локални партнерства.