Времетраење: август 2017 – септември 2018
Донатор: Амбасада на САД во Северна Македонија
Цел: Едногодишната програма им обезбеди на учениците од основно училиште на возраст од 12 до 14 години и на учениците од средно училиште на возраст од 14 до 16 години можности да ги развиваат своите вештини по англиски јазик, да развиваат вештини за критичко размислување и да ја зголемат свеста за родовата еднаквост и толеранција. „Соништа и пријателство“ овозможи сесии преку Скајп со врсници од САД и истражување на различни поетски дела од Ленгстон Хјуз, додека „Графички роман“ се фокусираше на теми поврзани со САД коишто беа претставени преку раскажување низ стрипови и графички илустрации.
Резултати:
• Подобрени вештини и компетенции по англиски јазик;
• Стекнати вештини и компетенции коишто можат да се применат во иднина.