Времетраење: април 2009 – април 2010
Донатори: Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД) во рамките на Програмата за човеков и институционален развој имплементирана од страна на Светско учење
Цели: Јакнење на капацитетите на училишните одбори за управување со училиштата, како што е утврдено со закон, притоа олеснувајќи ги процесите за демократизација и децентрализација на ниво на училиштата; обезбедување информации и знаења во врска со улогите, правата и обврските на училишните одбори преку активности за обука и менторство и дисеминација на Прирачникот за училишни одбори; зајакнување на училишните одбори при исполнувањето на нивните одговорности преку споделување на најдобрите практики и јасно дефинирани процедури и практики; поттикнување активности за подобрување на тесната соработка помеѓу сите чинители во управувањето со училиштата во најдобар интерес на учениците и училиштето. Целната група на проектот ги опфаќаше училишните одбори и училишните секретари од сите средни и основни училишта.
Резултати:
• Во програмата учествуваа 4.776 членови на училишни одбори и училишни администратори, преку сесии за обука и подучување во врска со улогите и одговорностите на училишните одбори, стратешките документи коишто ги усвојуваат училишните одбори, законодавните процедури, финансиите на училишните одбори и на училиштата, ефективноста на училишните одбори и обезбедување на квалитет и комуникации;
• На сите членови на училишни одбори коишто учествуваа во програмата им беа обезбедени прирачници за училишни одбори и истите беа дистрибуирани до Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), УСАИД, Светско учење (World Learning) и сите општини;
• Беше зголемена свесноста за важноста на училишните одбори при управувањето со училиштата на национално ниво;
• Училишните одбори беа зајакнати за управување со училиштата, преземање на нивните улоги и одговорности онака како што се утврдени со законските и подзаконските акти и градење партнерства со локалните заедници за поддршка на училиштата во напорите да им обезбедат квалитетно образование на своите ученици и да ги подобрат своите резултати од учењето;
• Беше подобрена соработката меѓу сите чинители: родителите, наставниците, локалните и централните образовни органи, во однос на управувањето со училиштата во најдобар интерес на училиштата и учениците;
• Училишните одбори ги промовираа училиштата како организации за учење и центри за врвен квалитет во опслужувањето на својата заедница.