Времетраење: септември 2006 – февруари 2012
Партнери: Македонски центар за граѓанско образование и непрофитната организација за човеков развој FHI Development 360 LLC (FHI 360)
Донатори: Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД), FHI 360 во партнерство со Универзитетот на Индијана, Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и други локални НВО и приватни компании. Исто така, FHI 360 имаше воспоставено и партнерства со различни национални и мултинационални корпорации коишто имаат силни образовни програми.
Цели: Проектот за основното образование (ПОО) имаше за цел да се подобри квалитетот на наставата и да се зголемат вештините за вработување на младите. Поконкретно, целите на проектот беа како што следува: подобрување на наставата и учењето за да им се овозможи на учениците да стекнат вештини за критичко размислување; зголемување на пристапот до и примената на модерни компјутерски и интернет технологии за да им се помогне на учениците да бидат успешни на пазарот на труд; да им се помогне на училиштата да ги подобрат своите средини на учење при тоа обезбедувајќи реновирање на нивните објекти за да се стимулира учењето и креативноста; работа со едукатори и со Министерството за образование и наука за целите на изготвување на квалитетни дигитални материјали за учење коишто овозможуваат учење базирано на истражување; да се подобри образованието по математика и природни науки преку подобрување на наставните програми и методи и да се подобри оценувањето на ниво на училиште за да се стимулира и втемели квалитетно учење. Во рамките на овој проект, МЦГО беше одговорен за управувањето со компонентата: Подобрување на оценувањето на ниво на училиште, како и за обезбедувањето локална поддршка за Универзитетот на Индијана којшто беше одговорен за управување со компонентата: Подобрување на образованието по математика и природни науки.
Резултати:
• 433 училишта беа вклучени во проектните активности;
• 16.550 наставници и 973 претставници на училиштата беа обучени во текот на времетраењето на проектот;
• 288.400 примероци од едукативните и промотивните материјали беа дистрибуирани до корисниците;
• 359 училишта добија техничка опрема за да можат да обезбедат подобри процеси на учење;
• 130 училишта беа реновирани за да се подобри средината за учење, како и да се зголеми енергетската ефикасност.