Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО)

1154

Времетраење: декември 2011 – март 2017
Донатор: УСАИД Северна Македонија

Цели: Градење на свесност и обезбедување разновидни обуки, техничка помош и стимул за училишните одбори, директорите на училиштата, наставниците и за вработените во администрацијата за поддршка на меѓуетничката интеграција во образованието. Проектот е наменет за сите основни и средни училишна, вклучувајќи ги учениците, наставниците, училишните директори, членовите на училишните одбори, родителите и локалните заедници. Целта на проектот е подигнување на свеста за значењето на меѓуетничката интеграција и зошто таа е од витално значење за идната стабилност на земјата и нејзиното членство во Европската унија. На наставниците, училишните управници и училишните одбори им беа обезбедени вештините коишто им се потребни за работа во мултиетничко опкружување, за да се обезбеди помош при спречувањето на поделби на етничка основа во нивните училишта и заедници и да се создадат услови коишто промовираат етничка интеграција. Преку похолистички и интензивни интервенции во неколку одбрани училишта, беа обезбедени примери за најдобри практики и научени лекции за да се придонесе за посуштинско разбирање на различните пристапи кон меѓуетничката интеграција. Беа обезбедени реновирања на училишта да се стимулираат да учествуваат во активностите за меѓуетничка интеграција. На овие заедници им беше обезбедена помош со подобрувањето на инфраструктурата и средината за учење во нивните училишта, вклучително и овозможување пристап за лица со посебни потреби во овие училишта, финансирано од Министерството за одбрана на САД/Европската команда на вооружените сили на САД.

Резултати:
• Преку 2.000 медиумски написи во врска со активностите на проектот беа објавени за времетраењето на проектот и беа организирани 35 теренски посети за уредници и новинари;
• Беа организирани преку 90 свечени отворања за реновирани училишта, фестивали, саеми, форум театри, јавни дебати и други јавни промотивни настани;
• Беа воспоставени 18 дебатни клубови и 7 креативни катчиња во средните училишта, при што беа вклучени повеќе од 800 ученици;
• Беа обучени преку 900 наставници и ученици за употребата на мултимедиумски пристап при креирањето содржини коишто промовираат меѓуетничка интеграција, додека 433 наставници – членови на Тимовите за училишна интеграција (ТУИ) беа обучени за ефективно јавно презентирање;
• Во Прирачникот за интегрално оценување на училиштата на Државниот просветен инспекторат (ДПИ) беа инкорпорирани показатели за меѓуетничка интеграција и инструментите за меѓуетничка интеграција во образованието беа модифицирани. Инспекторите од ДПИ беа обучени за користење на показателите во текот на спроведувањето на интегралното оценување во училиштата;
• Концептот на меѓуетничка интеграција во образованието беше интегриран во обуките на Државниот испитен центар за полагање на државен испит од страна на директорите на основните и средните училишта;
• Беше воспоставена процедура за сертификација за меѓуетничка интеграција во образованието и беа издадени околу 18.500 сертификати за наставниците;
• Беа воспоставени Тимови за училишна интеграција (ТУИ) во сите основни и средни училишта (436). Беа обучени 2.433 претставници на ТУИ;
• 434 претставници на стручните училишни служби во 387 училишта беа обучени за меѓуетничка интеграција во образованието;
• 160 наставници беа обучени за спроведување на заеднички ученички спортски активности и забавни игри, организирани во 38 основни училишта во 37 општини. Над 1.800 ученици учествуваа во активностите;
• Беа воспоставени 395 партнерства помеѓу училиштата во земјата;
• Беа доделени мали грантови за заеднички училишни активности на 218 училишта и беа организирани околу 1.000 заеднички ученички активности;
• 9 училишта беа вклучени во програмата за инклузија на родителите во меѓуетничката интеграција во образованието и беа организирани околу 40 активности во кои беа опфатени повеќе од 100 родители;
• Беа воспоставени 6 модел училишта во Северна Македонија. Над 1.000 ученици, заедно со своите родители и со поддршка од наставниците, преземаа повеќе од 153 иницијативи во рамките на различни активности, како што се: демократско учество, мултикултурни работилници, екскурзии, спортски и забавни активности;
• Беа создадени: Практикум за интеграција на мултикултурно учење во наставниот процес за основното и средното образование, Прирачник за училишните одбори за основните и средните училишта, Теоретски и практични гледишта за примената на меѓуетничка интеграција во програмите за обука на наставниците, 40 спортски активности и забавни игри за интеграција на деца и младинци и други публикации поврзани со меѓуетничката интеграција во образованието;
• Беа реновирани 63 училишта, а на училиштата им беа обезбедени алатки за одржување што ги подобри работните услови во истите. 46.181 ученици и 5.107 наставници остварија придобивки од реновирањето;
• Во 63 училишта беа воспоставени Тимови за училишно реновирање (ТУР). Над 482 членови на ТУР беа обучени за подготовка на годишни планови за одржување и буџети. Беше обезбедена обука за 181 член на ТУР за одржување на училишните објекти;
• Беше испечатена публикацијата „Насоки – Прирачник за одржување на училишни објекти“ и истата беше вклучена во законските регулативи на МОН.