Времетраење: декември 2004 – април 2006
Донатор: Балкански труст за демократија
Цели: Идните генерации да стекнат знаења во врска со демократијата, правдата и човековите права и да развијат доживотна заложба за одговорно граѓанско учество за целите на решавање на прашањата на социјална неправда. Целната група на проектот ја опфаќаа следните педагошки факултети: „Св. Климент Охридски“ – Скопје, „Гоце Делчев“ – Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултетот за педагошка и методолошка обука при Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈЕ) – Тетово и Универзитетот „Тетово“ – Тетово.
Резултати:
• Беа ревидирани постојните наставни програми за 1 до 4 одделение и беа предложени промени коишто обезбедуваат вклучување на содржина од граѓанско образование;
• За прв пат беше воведена документирана наставна програма по предметите од граѓанско образование, како и методологија за обука на наставници-приправници на сите 5 педагошки факултети во Северна Македонија (државни и приватни). Идните наставници ќе се стекнат со знаење и со неопходните вештини во однос на содржината по Граѓанско образование, како и со методологии за учење нови генерации на ученици на демократски практики;
• Чинителите во областа на образованието на релевантни одлучувачки позиции во рамките на МОН/БРО и педагошките факултети работеа на изготвувањето и усвојувањето на програми со активна помош од кадрите на МЦГО и оваа програма;
• За прв пат со овој проект се промовираа координирани работни односи помеѓу МОН/БРО и педагошките факултети коишто продолжуваат да служат како добар пример за развојот на соработка помеѓу различните сектори и воспоставување на мултисекторски врски;
• Со оваа програма се зголеми свесноста за Граѓанското образование и на другите факултети коишто работат со наставни програми за образување наставници за предмети од повисоките одделенија од основното образование и од средното образование.