Времетраење: јануари 2011 – ноември 2011
Донатор: Амбасада на САД во Северна Македонија
Цели: Промовирање меѓусебно разбирање и меѓуетничка соработка кај младите мотивирајќи ги да учествуваат во решавањето на јавните прашања со меѓуетнички карактер во граѓанското општество; зајакнување на меѓуетничката соработка и дијалог и градење доверба кај младите во училишното опкружување; проширување на критичкото размислување на учениците во врска со јавни меѓуетнички прашања во рамките на нивната заедница поврзани со мултиетничкото општество, спречување предрасуди и конфликти, промовирање на демократија и толеранција, како и културна сензитивност; унапредување на способноста на учениците да живеат и работат во мултикултурна средина по пат на учество во училишните активности од проектот. Целната група на проектот ги опфаќаше наставниците и учениците од средни училишта од Куманово, Гостивар и Велес.
Резултати:
• Обезбеден модел за наставниците од средните училишта меѓусебно да учат и да ја ценат моќта за идентификување, размислување и консензус во врска со политички прашања во рамките на нивните училници;
• Обезбедена платформа за ангажирање на средношколците од различна етничка припадност при идентификацијата, дискусиите и постигнувањето консензус во врска со политички прашања инволвирани во нивните проблеми во рамките на граѓанското општество во кое живеат;
• Обезбедена можност за средношколците од различна етничка припадност да остваруваат интеракција и да учат едни за други и за живеењето во мултиетничко општество;
• Обезбедена можност за учениците да стекнат вештини и искуство за живеење во мултиетничко општество;
• Промовиран мирен соживот и соработка во рамките на училиштето и пошироко во заедницата.