Партнерство помеѓу родителите и училиштето во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Скопје, Општина Шуто Оризари

729

Времетраење: септември 2005 – декември 2005
Донатори: Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД) во рамките на Програмата за обука на учесници реализирана од страна на Светско учење/Северна Македонија заедно со Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Центарот за институционален развој (ЦИР)

Цели: Да се подобрат физичките услови за учење во училиштата, да се обезбеди развој на човекови капацитети преку мотивирање на наставниците, да се овозможи родителите да чувствуваат дека имаат личен удел во напредокот на училиштето, да се зголеми проактивноста на училишната управа во однос на потребите на учениците и родителите и да се максимизира користењето на училишните објекти преку воннаставни активности. Целната група на проектот ја опфаќаше Групата за партнерство помеѓу родителите и училиштето (Група за ПРУ), наставниците и учениците инволвирани во воннаставни активности.

Резултати:
• За финансиски загрозените ученици од 1 до 4 одделение беа обезбедени 906 учебници;
• Беа подобрени условите/инфраструктурата во училиштето преку замена на 35 врати од училници, реновирање на подови во училниците, замена на прозорците во 7 училници, поправка на цевките во тоалетите и поставување рамки за прозорците во две училници;
• За Групата за партнерство помеѓу родителите и училиштето (Група за ПРУ) беа реализирани обуки за градење на капацитетите со цел да се овозможи продолжување на работата на оваа Група и по завршувањето на проектот;
• Зголемен ангажман на родителите, наставниците и училишната управа при разрешувањето на проблемите во училиштето;
• Воспоставени позитивни практики во рамките на процесите на одлучување во училиштето и партиципативни пристапи;
• Обезбедена поддршка за воннаставните активности со вклучување на повеќе од 430 ученици;
• Од страна на Групата за ПРУ беше организирана завршна училишна прослава.