Партнерска иницијатива – Образование за одржлив развој (ESdPI)

711

Времетраење: декември 2010 – ноември 2012
Партнери: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО) и Мрежата на центри за образовни политики (МЦОП), Социјално истражување проМонте – Босна и Херцеговина, Еко Акција – Босна и Херцеговина, Зелена акција – Хрватска, Форум за слобода на образованието – Хрватска, Центар за истражување и развој во образованието, Институт за социјални истражувања Загреб – Хрватска, ПРАКСИС Центар за политички студии – Естонија, Еколошки институт на Стокхолм, Талински центар/Естонски институт за одржлив развој – Естонија, Меѓународен институт за образовна политика, планирање и управување – Грузија, Образовен центар на Косово – Косово, МАР – Заштита и рехабилитација на животната средина – Косово, Еколошко друштво Планетум – Струмица – Македонија, Центар за едукација 2000+ – Романија, Здружение за одржлив развој Фокус – Словенија.
Донатор: Европска унија
Локации: Босна и Херцеговина, Хрватска, Естонија, Северна Македонија, Косово, Романија, Словенија и Грузија

Цел: Развој на цврсто регионално партнерство помеѓу образовните и еколошките граѓански организации за да се поттикнат, одржуваат и предочат пред јавните органи и локалните бизниси образовни активности коишто се однесуваат на еколошките аспекти на законодавството на ЕУ и на заедничките политики и активности на ЕУ во однос на климатските промени.

Резултати:
• Креирани 8 национални и 1 компаративен извештај од образовното истражување за да се обезбеди основа за развојот на индивидуални национални политики и кампањи за застапување во областа на образованието;
• Организирани 4 интра-иницијативни работилници за споделување информации и експертиза;
• Изготвени 3 образовни модули во врска со еколошките аспекти на законодавството на ЕУ и заложбите во однос на климатските промени;
• Изготвена национална образовна политика и реализирана национална кампања за застапување.