Времетраење: септември 2007 – јуни 2009
Донатор: ОБСЕ
Цели: Да им се обезбеди можност на учениците од различна етничка припадност да остварат меѓусебна интеракција и социјализација, да научат едни за други, на тој начин подобрувајќи ги меѓуетничките односи помеѓу средношколците и во рамките на пошироката заедница; да се зајакне мултиетничката соработка и дијалог и да се изгради доверба кај младите; да се подигне свеста за прашањата како мултикултурализам, живеење во мултиетничко општество, непристрасност, спречување на конфликти, стереотипи и предрасуди, промовирање демократија, толеранција и културна сензитивност; зголемување на способноста на учесниците за живот и работа во мултикултурна средина преку учество во проектните активности. Целната група на проектот опфаќаше средношколци од Куманово и Кичево, нивните наставници и родители и пошироките заедници.
Резултати:
• Беа одржани 8 работилници за ученици и наставници од училиштата опфатени со проектот со цел да стекнат знаења во врска со концептите на: мултикултурализам, непристрасност, конфликти, толеранција, демократија, стереотипи и предрасуди;
• Беа реализирани/спроведени разновидни воннаставни активности;
• Беа реализирани посети на владини институции (Претседателот на државата и Собранието) при кои учениците се запознаа со нивните улоги и функции;
• Беа реализирани заеднички посети на верски и културни знаменитости (џамија, црква и музеј) при кои учениците се запознаа со различни култури и традиции;
• Учениците учествуваа во активности за запознавање со различни култури и традиции, тие спортуваа заедно и работеа заедно на проекти за заштита на животната средина;
• Учениците и наставниците од сите училишта опфатени со проектот организираа завршни презентации за споделување на достигнувањата на проектот пред публика којашто се состоеше од ученици, родители, училишна управа и претставници на општините.