Меѓуетничка комуникација и соработка во училиштата

786

Времетраење: октомври 2005 – септември 2007
Донатори: Меѓународната хуманитарна агенција Catholic Relief Services (CRS) во соработка со Министерството за образование и наука (МОН)

Цели: Меѓуетничката соработка и толеранција придонесоа за одржливиот развој на мултиетничките заедници во Северна Македонија; учениците од различна етничка припадност се соочуваат со помали меѓусебни тензии; училиштата опфатени со проектот ги подобрија своите методи за унапредување на меѓуетничкото разбирање. Овој проект опфаќаше 7 етнички мешани основни училишта и 400 ученици, 30 наставници, училишни педагози и психолози.

Резултати:
• Беа организирани обуки/работилници за избрани наставници и претставници на стручните служби на училиштата со цел да се обезбедат конкретни насоки, како и да се дадат примери за методи и материјали за наставниците и за стручните служби коишто тие ги користеа при процесот на подготовка на воннаставни активности за надминување на меѓуетничките бариери помеѓу учениците во нивното училиште според спецификите на секое од училиштата;
• Од страна на опфатените училишта беа изготвени акциони планови во согласност со специфичните потреби на секое од училиштата;
• Воннаставните активности беа поддржани преку Програма за мали грантови за секое од училиштата коишто учествуваа;
• Беа избрани најдобри практики коишто беа објавени со цел да се промовираат успешните модел активности за подобрување на меѓуетничката комуникација и соработка меѓу учениците;
• Беше објавена брошура со модел активности на македонски, албански и турски наставен јазик.