Времетраење: март 2017 – јануари 2018
Донатор: Детска фондација „Песталоци“
Цел: Проектот имаше за цел да се идентификуваат децата на возраст од 6 до 17 години коишто не се запишани во училиштата во 12 општини со значителен број на припадници на ромската националност (Шуто Оризари, Куманово, Штип, Виница, Кочани, Струмица, Тетово, Гостивар, Прилеп и Битола) и да се поддржи нивното интегрирање во образовниот систем. Активностите опфаќаат спроведување на сеопфатно национално истражување за да се идентификуваат децата коишто не се запишани во училиште; усвојување наставни програми за децата коишто ја сочинуваат целната група на проектот од страна на Министерството за образование и наука во согласност со законот и обезбедување индивидуално прилагодена поддршка/стипендии за децата.
Резултати:
• 1.144 деца коишто не посетуваат училиште, на возраст од 6 до 17 години, беа идентификувани при теренското истражување спроведено во 12 општини;
• 1.122 родители на деца коишто не посетуваат училиште ги објаснија причините поради коишто нивните деца не посетуваат настава и го прекинале образованието, како и потребите коишто треба да се исполнат за нивните деца да се вратат или запишат на училиште;
• Релевантните државни претставници дадоа важни информации за подготовката на извештај од истражувањето: 71 претставник од Министерството за образование и наука, Државниот просветен инспекторат, Центрите за социјална работа, единиците на локалната самоуправа, основните училишта, родителите и локалните НВО;
• Беше креирана база на податоци за теренското истражување за идентификуваните 1.144 деца коишто не посетуваат училиште којашто содржи информации за непосетувањето, статистика поврзана со полот, возраста, местото на живеење и друго;
• Извештајот од истражувањето, заедно со наодите коишто ги содржи, којшто беше претставен пред 60 образовни чинители, ја подигна свесноста за прашањето на децата коишто не посетуваат училиште;
• 47 деца коишто не посетуваат училиште (6-8 години) добија поддршка од проектот и се запишаа на училиште. За сите е потврдено дека редовно посетуваат училиште.