Времетраење: јануари 2006 – септември 2007
Донатор: Центарот за институционален развој (ЦИР) финансиран од УСАИД преку Институтот за одржливи заедници (ИОЗ)
Цел: Јакнење на институционалниот капацитет на МЦГО преку ефективно планирање за поддршка на идниот напредок на МЦГО. МЦГО осигури неговите висококвалитетни услуги и активности да бидат широко препознаени преку неговиот истакнат бренд.
Резултати:
• МЦГО ја зголеми силата на сопствените капацитети преку обезбедена дополнителна поддршка за неговите долгорочни развојни потреби;
• Беа обезбедени алатки за континуираниот институционален раст на МЦГО и за продолжување на поддршката којашто тој ја обезбедува за развојот на капацитетот на чинителите во образованието и квалитетот на образовниот систем;
• МЦГО доби поддршка да инвестира во активности за градење долгорочна одржливост преку интервенции за институционално зајакнување вклучувајќи стратешко планирање, подобрување на организациските политики, објавување на годишен извештај и подобрување на напорите на МЦГО за комуникација со јавноста преку развој на ефективен бренд.