Аргументирана дискусија во демократија

673

Времетраење: август 2007 – август 2010
Партнери: Организации од сите локации опфатени со проектот во земјите учеснички
Донатор: Министерство за образование на САД, Фондација за уставни права од Чикаго, Фондација за уставни права од Лос Анџелес и глобалната програма Street Law Inc.
Локации: Во текот на првата година (2004-2005) овој проект се реализираше со наставниците од средни училишта и нивните ученици на шест локации: европските земји Азербејџан, Република Чешка и Литванија, како и метрополските области во околината на Чикаго, Лос Анџелес и Вашингтон (Општина Феирфакс, Вирџинија). Во текот на училишната година 2005-2006, овие локации продолжија да учествуваат во проектот. Во текот на 2005-2006, уште пет дополнителни локации започнаа да учествуваат во проектот: Естонија; Калуга, Русија; Москва, Русија и две локации од САД: Денвер и Колумбија, Јужна Каролина. Во текот на училишната година 2006-2007, овие локации продолжија да учествуваат во проектот. Во текот на училишната година 2007-2008, покрај локациите од претходните години, во проектот се пруклучија уште пет дополнителни локации: Северна Македонија, Романија, Србија, Украина и една локација од САД: Блумингтон, Индијана.

Цели: Целта на проектот беше да се обезбеди модел за наставниците од средните училишта меѓусебно да учат и да ја ценат моќта на аргументираната дискусија во своите училници и платформа за ангажирање на средношколците во дискусии со значајна содржина за институциите, владините системи и основните принципи на демократијата. Проектот претставуваше иницијатива фокусирана на наставниците осмислена за подобрување на учењето и наставата за демократските принципи и вештините за граѓанска аргументирана дискусија.

Резултати:
• Организирани работилници за развој на наставниот кадар;
• Аргументирани дискусии во рамките на училниците;
• Онлајн одбор за дискусии за учениците и наставниците;
• Телеконференции помеѓу ученици од различни партнерски локации;
• Организирани размени на наставници.