Овој месец успешно го затвораме Проектот „Одржливи вештини за обучувачи на практиканти во средното стручно образование и обука“ (ИСОО), кој претставуваше двегодишна иницијатива имплементирана во периодот од октомври 2020 до септември 2022 година.

По тој повод, на 28 септември, 2022, се одржа настан во Софија, Бугарија со присуство на проектниот тим, претставници од образовни институции, организации, компании и стручни училишта кои го спроведуваат учењето преку работа.
За време на настанот беа претставени клучните достигнувања во рамки на проектот и се одржа отворена дискусија за ефектите кои истиот ги има, но и предизвиците поврзани со спроведување на дуалното образование во пракса.
Целта на проектот ИСОО беше да ги поддржи менторите во планирањето, спроведувањето и оценувањето на учењето преку работа, преку изработка на два интелектуални трудови: „Програма за обука на обучувачи“ и прирачник „Како да се биде успешен ментор во компанија“. Преку овие трудови се одржува активната вклученост на бизнисот во учењето базирано на работа, како и се гарантира висок квалитет и релевантност на менторството од компаниите. Повеќе за овие прирачници може да погледнете тука.
Проектот е во рамките на КА2 Стратешкото партнерство во областа на стручното образование и обука (СОО) на Еразмус+ Програмата, а беше успешно реализиран во партнерство со: Фондација за модерно образование, Бугарија, Гранска комора за дрвна индустрија и изработка на мебел, Бугарија, M&M Profuture Training, S.L., Шпанија и Центар за стручно образование и обука Паневежис, Литванија.