Моменталната состојба и зголемувањето на бројката на заболени од КОВИД-19 ја наметна потребата за онлајн имплементација на програмата за обука со петте избрани училишни тимови. Во периодот од 18-27 ноември 2020 година се одржаа четири сесии за обука со 17 учесници од 5 проектни училишта во главните тематски области „Гласот на учениците и иницијативите“ и „Младите и интеркултурноста“.

Првата тематска област ги вклучи следниве теми: Слушање на гласот на младите; Социјално – емоционално учење; Личен идентите и самоприфаќање; Време за промена/асертивност; Комуникација и решавање на конфликти.
Тематската област „Младите и интеркултуралноста“ ги опфати темите: Што ми значи интеркултурализмот; Интеркултурен дијалог; Интеркултурно учење во пракса; Интеркултурни компетенции за настава; Интеркултурноста како дел од наставната програма; Критериуми за планирање и спроведување на интеркултурни активности и студентски активности; Реализација на интеркултурни студентски активности и др.
Покрај теоретскиот дел, секоја сесија содржеше и практични делови, така што секоја тематска област вклучуваше шест интерактивни работилници со вежби или училишен проект со цел да се примени во активностите на учениците. Презентациите и активностите што беа промовирани за време на обуките беа соодветни за стекнување знаење и развој на вештини и компетенции потребни за понатамошни активности што ќе се практикуваат меѓу наставниците и учениците. На крајот од секој ден од обуката, наставниците добиваа задача која ја презентираа на следната обука.

Учесниците имаа можност да дискутираат, да спроведуваат активности и да разменуваат свои перспективи и искуства релевантни за конкретната тема. Сесиите беа интерактивни и завршија со дискусии и споделување на размислувања.