Како дел од Проектот на УНИЦЕФ за квалитетно инклузивно образование во основните училишта, 42 претставници од 11 нови училишта беа обучени во јуни 2017 година, со цел развивање на нивните вештини на училишни обучувачи во рамките на Модул 2: Соработка за инклузивно образование.
Модул 2 се фокусира на односите и како тие да се креираат со цел унапредување на инклузивното образование во училиштата и заедниците. Модулот ја истакнува потребата за јакнење на капацитетите или развивање на компетенциите и нуди можности за искористување на способностите и знаењето на учесниците во оваа област.
Преку користење на алатки коишто учесниците можат повторно да ги искористат и со други, се помага иницирање на неопходните процеси во училиштата и во заедниците.
Оваа активност е дел од Проектот на УНИЦЕФ за квалитетно инклузивно образование во основните училишта, финансиран од страна на Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ).