Втората конференција за образовни политики ги обединува наставниците и креаторите на политики во Загреб

325
На 28 и 29 март 2022 година во Загреб, Хрватска, се одржа втората конференција за образовни политики „Учество на учениците – пат кон инклузивно и демократско општество“ во рамките на проектот Започни ја промената. Конференцијата во Загреб е втор настан од ваков тип, по првиот настан за политики „Политика и пракса за започнување на промената“ што се одржа во мај 2021 година, како онлајн настан преку платформата Зум.  

На овој настан за политики, наставници од 15 училишта од Северна Македонија, Хрватска и Португалија и креаторите на политики од областа на образованието конечно добија шанса лично да се сретнат и да разменат свои и да разговараат за нови идеи и идни активности за тоа како да се подигне гласот на учениците и нивното учество во училиштата и образовните системи.

Главни говорници на настанот беа д-р Ивана Бориќ од Факултетот за едукација и рехабилитација при Универзитетот во Загреб со нејзиното пленарно предавање „Правото на учество: Како да се постигне значајно учество на децата“ и д-р Клара Претус Гомез од Автономниот универзитет во Барселона, Катедра за психијатрија и правна медицина, која зборуваше за „Ранливост и радикализација“.

Учесниците, исто така, имаа можност активно да работат на подготовка на Национални планови за креирање политики во коишто ќе бидат наведени специфичните политички прашања на земјата на училишно, локално и национално ниво, како и да понудат препораки за постепено подобрување на политиките, преку различни работилници.

Овие национални планови ќе служат и за креирање на Синтетизиран документ за политики којшто ќе биде изработен во последната година од проектот и ќе послужи како водич за сите земји од ЕУ за можните начини на спроведување на слични интервенции.