Кризната состојба со КОВИД-19 дополнително ја продлабочува неизвесноста на младите околу избор на образование и кариерни можности кои имаат трајно влијание врз нивните животи. Ова е една од главните причини зошто проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк) во соработка со неколку партнери создаде мрежа за справување со влијанието на пандемијата врз образованието и информирање на младите за нивните опции при избор на образование и кариера.
За таа цел, со Центарот за стручно образование и обука се подготви информативен материјал „Водич низ квалификациите во стручното образование“ првично наменет за стручните служби во основните училишта, но и за целокупниот наставен кадар, родителите и идните средношколци. Водичот е достапен на македонски, албански, турски и српски јазик преку повеќе платформи и содржи информации за можностите кои ги нуди стручното образование, опис на сите струки заедно со квалификации и можности за продолжување на образованието.
Но, ова е само дел од многубројните активности за поддршка на младите за кои може да прочитате повеќе тука – https://www.e4e.mk/nasocuvanje-na-mladite-vo-vreme-na-neizvesnost/