И оваа година ја обележаа многу успешни приказни:
- повеќе од 15.400 ученици и 1.560 наставници беа вклучени во активности за подобрување на состојбата во заедницата и зајакнување на граѓанските и демократските компетенции
- беа организирани околу 105 обуки за зајакнување на капацитетите на наставниците, стручната служба, училишното раководство и претставници од вклучени институции и општини
- беа дадени 250 грантови за поддршка на деца, наставници и училишта за реализација на наставата и спроведување на разновидни активности
- беа изготвени околу 40 публикации и едукативни и промотивни материјали
- 1.400 ученици беа поддржани да се запишат во средно стручно образование во дуални паралелки
Продолжуваме во новата година да работиме на уште поголеми достигнувања и успеси!
Ви посакуваме среќни празници.