Околу 190 средношколци кои се дел од Програмата Access – Микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик, поддржана од Амбасадата на САД во Скопје, се собраа на летен камп на крајот на август. Кампот се одржа во Извиднички Центар Охрид и претставуваше можност за прославување на нивното двегодишно учество во програмата.

За време на кампот, учениците ги вежбаа нивните вештини за англиски јазик, создаваа тимови и се здобија со самодоверба преку многубројни иновативни активности. Тие присуствуваа на работилници и учеа за човечките права, различностите, важноста од чиста околина, комуникација, ментално здравје и лидерство и ги зајакнаа нивните вештини за работа во тим. Исто така, тие подготвија американски бургери и хот дози за вечера. За време на ноќите, целата група се собираше на плажа пред камперски оган и учествуваше во забавни активности за личен развој и сите пееја заедно.


Еден од највпечатливите моменти за учениците беше посетата на Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Кејт Мари Брнз. Таа го посети кампот за да се запознае со учениците и уживаше во продуктивен разговор за нивното искуство со Access програмата. Исто така, таа дискутираше за нејзината кариера како дипломат и Амбасадорка и одговараше на прашањата на учениците.


Access е двегодишна програма за средношколци од социјално-загрозени семејства од различни етнички заедници со цел да се подобри нивното познавање од англиски јазик, да се развијат нивните информатички вештини и вештини за управување со проекти како и да научат за американската култура. Благодарение на можностите како овој летен камп учениците и наставниците можат да го пренесат учењето надвор од училницата, правејќи убави сеќавања и градејќи силни пријателства.

Оваа активност е дел од Access Програмата за микростипендирање за зголемување на пристапот до англискиот јазик, поддржана од Амбасадата на САД во Северна Македонија.