Свечено пуштање во употреба на концертната сала во музичкото училиште „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци

2527
На 21 мај, 2018 година – Заменик помошник администраторката на Бирото на УСАИД за Европа и Евроазија, Гречен Биркл, им се придружи на потполковникот Ерик Рајс од Военото аташе на САД, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, претставници на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и припадници на бизнис заедницата на церемонијата за свечено пуштање во употреба на нова концертна сала и одбележување на завршувањето на реновирањето на музичкото училиште „Лазо Мицев Рале“.

Концертната сала и реновирањето на училиштето беа заеднички финансирани од УСАИД и Европската команда на САД, во соработка со Министерството за образование и наука, Општина Кавадарци и локалната бизнис заедница.

Горда сум на ова широко партнерство помеѓу Европската команда на САД, УСАИД, општините и локалните заедници воспоставено за реновирање на училиштата. Преку ова партнерство, од 2011 година, Европската команда на САД има инвестирано над 1,5 милиони долари за реновирање на 63 училишта, вклучувајќи го и вашето, паралелно работејќи на развојот на етничката кохезија во Македонија“, истакна Биркл. „Децата заслужуваат безбедна и пријатна училишна зграда и мислам дека преку оваа соработка, децата од Општина Кавадарци го добиваат токму тоа. Ја цениме вашата посветеност и придонес и ви стоиме на располагање, како партнер, да ја обезбедиме помошта потребна за да се поттикне и одржи почитувањето на различностите, кое е потребно во едно мултиетничко општество”.

Во своето обраќање, градоначалникот Јанчев ја истакна важноста за зајакнувањето на меѓуетничката интеграција и граѓанските вредности кај младите, со цел тие да станат активни учесници во своите заедници и да градат силни пријателства со врсниците од различни националности.

Овие реновирања беа финансирани преку Проектот на УСАИД за основно образование и Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието коишто сега се веќе завршени. Сепак, како продолжение на ваквите успешни активности, во рамките на новата Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, ќе бидат избрани дополнителни 50 училишта за реновирање врз основа на потребите и достигнувањата во областа на етничката интеграција и покажаните граѓански вредности и однесувања на ниво на училиште и заедница.