На 18 ноември 2022 година во Скопје, предметни наставници од проектните училишта и советници од Бирото за развој на образованието учествуваа на работилница предводена од Универзитетот за образование на наставници од Цирих, Швајцарија, во рамки на Проектот PEACOCK – Мир преку соработка, компетенции и знаења. Тие имаа можност да ги продлабочат своите знаења за личен развој на учениците и нивното кариерно насочување низ предметната настава.

За време на работилницата, присутните активно учествуваа на модел-лекција за професионална ориентација на учениците, а потоа и во практични вежби поврзани со темите рефлексија, компетенции за животни вештини, давање повратна информација, оценување и интегрирање на содржините од програмата за личен развој на учениците во различни наставни предмети.








Проектот PEACOCK – Мир преку соработка, компетенции и знаења е поддржан од Универзитетот за образование на наставници од Цирих, Швајцарија и се имплементира во партнерство со Бирото за развој на образованието.
Прирачниците „Личен развој на учениците“ од 5-то до 9-то одделение коишто се подготвени во рамки на проектот и беа пилотирани во 30 проектни училишта, со почетокот на учебната 2022/2023 година се препорачани од страна на Бирото за користење во сите училишта во државата како дополнителен ресурс во наставата за поучување на животните вештини кај учениците.






