Минатата недела во Струмица се одржаа традиционалните празнувања по повод Струмичкиот карневал. На главното дефиле кое се одржа на 17-ти февруари 2018 година поминаа повеќе од 40 маски во неколку различни категории.
Пред многубројната публика се претставија и младите основци од „Маршал Тито“ с. Муртино, Струмица, со маската „Разиграна градина“. Темата за карневалската маска беше поттикната од желбата на учениците за промовирање на здрав начин на живот и здрава исхрана.
Со ваквата уникатна маска тие успешно го претставија своето училиште и го освоија првото место во категоријата „групна маска од 5-10 лица“. За време на своето дефиле, учениците испратија и моќни пораки за меѓуетничка интеграција.
Пораките беа инспирирани од соработката и пријателството меѓу учениците од различни етнички заедници и произлегоа за време на нивното заедничко изработување на маската. Учениците имаа поддршка и од нивните родители што придонесе дополнително да се поттикне нивната креативност и желба за справување со предизвиците на иновативен начин.
Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одоворност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.