Во празнична атмосфера учениците од СУГС „Браќа Миладиновци“ од Драчево – Скопје ги промовираа своите успеси. Во изминатиот период учениците учествуваа во многубројни активности за подобрување на состојбата во нивната околина и во училиштето, поддржани од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.
Младите од различни етнички заедници имаа можност да соработуваат со локалните власти и да спроведуваат иницијативи за подобрување на општествените предизвици кои ги засегаат. Тие учествуваа во младински акции за разубавување на училишниот двор како и еколошки активности за чистење на околината. Учениците беа дел и од дигиталниот Центар за фузија на идеи и преку нивното активно учество обезбедија поддршка за реализација на нивната идеја за уредување на младинско катче со шкафчиња за книги.
Во средното стручно училиште се спроведуваат и заеднички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици за време на кои младите се дружат и подобро се запознаваат меѓу себе.
„Среќни сме на успесите на нашите ученици и нивното учество во разновидните активности. Сакаме да изразиме и огромна благодарност за новиот систем за греење кој откако е поставен овозможува подобри услови за учење и работа во училиштето“, рече директорката на СУГС „Браќа Миладиновци“ од Скопје.
Училиштето активно продолжува да спроведува уште многу активности за поттикнување на младинското учество и правење на позитивни промени во заедницата.
Оваа активност е дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).
Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одговорност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на Соединетите Американски држави.