Прирачници за наставници за личен развој на учениците од 5-то до 9-то одделение

681
Прирачници за личен развој на учениците од петто до деветто одделение кои се наменети за наставниците за поучување на учениците на трансверзални и животни вештини беа објавени на македонски и албански јазик, во рамките на Проектот PEACOCK – Мир преку соработка, компетенции и знаења.

Петте прирачници се изготвени од Одделот за меѓународни проекти во образованието (ИПЕ) при Универзитетот за образование на наставници во Цирих, кој го координираше подготвувањето и уредувањето на сите материјали. Содржините се проверени од страна на Бирото за развој на образованието и тие сега се достапни за користење во нашата земја како ресурс за наставниците во поучувањето на животни вештини кај учениците.

Прирачниците нудат модел за одржување на настава за вештини кои се потребни за здрав психо-физички развој на учениците, како и за градењето на нивниот личен идентитет. Овие животни вештини се изучуваат преку тематски целини за самоосознавање и осознавање на другите, обезбедување квалитетен и здрав начин на живот, професионална ориентација и развој на претприемачки начин на размислување како и лична безбедност.

Прирачниците се достапни на следните линкови на веб страницата на ИПЕ:

Оваа активност е дел од Проектот PEACOCK – Мир преку соработка, компетенции и знаења, поддржан од Универзитетот за образование на наставници од Цирих.