Планирање на идни активности со Работната група за интегрирано образование

1519

На 12 октомври 2017 година се одржа состанок со претставници од МЦГО, во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, ОБСЕ и Работната група за интегрирано образование во рамките на Министерството за образование и наука. Состанокот беше дел од долгорочната соработка помеѓу овие чинители, кои заедно работеа на унапредување на спроведувањето на Стратегијата за интегрирано образование во Република Македонија.

На состанокот учесниците ги дискутираа плановите за претстојните активности на работната група, којашто ја сочинуваа претставници од сите клучни образовни институции. Планираните активности ќе бидат поддржани преку заедничка координација од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и ОБСЕ, кои се партнери и поддржувачи на Министерството за образование и наука во многу важниот процес на унапредување на социјалната кохезија на младите во рамките на образовниот систем.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одоворност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.