Одржливи вештини за обучувачи на практиканти во иницијалното стручно образование и обука (ИСОО) – Партнерските организации се сретнаа за изработка и финализирање на интелектуални трудови

288
После повеќе од една година исполнета со предизвици поради КОВИД – 19 пандемијата, претставниците од партнерските организации од Бугарија, Шпанија, Литванија и Северна Македонија имаа можност да се сретнат во живо на транснационален, партнерски состанок кој се одржа во Скопје, на почетокот на октомври, во рамки на проектот Одржливи вештини за обучувачи на практиканти во иницијалното стручно образование и обука (ИСОО).

Средбата беше одлична можност за партнерите уште повеќе да ја зајакнат својата соработка, да дискутираат за веќе имплементираните активности, досегашните постигнувања како и за активностите кои се планираат во наредниот период. Сите претставници земаа активно учество и дадоа свое мислење, дискутирајќи за сите аспекти на проектот.

Главна тема беше финализирањето на Интелектуалниот труд 1 – Напредна програма за обучувачи на компаниски ментори, а секој од партнерските организации имаше презентација каде поблиску ги запозна останатите со работилниците за обучувачи на компаниски ментори, кои беа одржани во секоја земја. Заеднички дискутираа за резултатите од евалуациите и донесоа одлуки што треба да се подобри и дополни во програмата.

На крајот, се дефинираше крајниот продукт на Интелектуалниот труд 1, и се поделија задачи и одговорности во однос на планирање на наредните активности за креирање и изработка на вториот интелектуален труд.

Проектот работи на изготвување на иновативни, интелектуални трудови со цел да се поддржат менторите од компаниите при планирањето, осмислувањето, реализацијата и оценувањето на програмите за иницијалното стручно образование и обука.