Обука за обучувачи од проектот Започни ја промената (Start the Change)

906
Во рамките на проектот Започни ја промената (Start the Change), се одржа Обука за обучувачи со учество на претставници од трите проектни организации: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО), Северна Македонија, Форум за слобода во образованието (FFE), Хрватска и ИНОВА +, Португалија. Обуките се одржаа онлајн двапати неделно во периодот од 16 јуни до 2 јули 2020 година. Учесници на обуките беа претставници од проектните организации и надворешни експерти.

Секоја организација се претстави со теми за обука кои беа презентирани од нејзините експерти. МЦГО учествуваше со тематски подрачја за интеркултурноста, медиумската писменост и учење од далечина. Презентациите беа инспиративни и се споделија значајни препораки и совети за понатамошна работа со наставниците од проектните училишта.

Проектот Започни ја промената е насочен кон поттикнување и промоција на ученичкото учество преку развивање на инклузивни социјални и образовни политики како и граѓански компетенции за активно вклучување на младите во заедницата.