Обука со директорите на средни училишта за инклузивна култура во училиштата

376
За време на летниот период, се одржа обука на која учествуваа директорите од проектните средни училишта, во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура”. Директорите ги зајакнаа своите капацитети за поддршка на демократска раководствена структура на училиштето и професионален развој на раководниот кадар, што ќе им помогне да изградат инклузивна култура во своите училишта.

За време на обуката тие се запознаа едни со други и ги идентификуваа и искажаа своите очекувања, потреби и желби. Дискутираа за тековните концепти за природата на учењето и иновативната средина за учење и ја оценуваа атмосферата за работа во група. Исто така имаа можност да ги зајакнат своите капацитети за развивање на инклузивна култура, инклузивни политики и практики во училиштата и развивање на капацитетите и компетенциите за инклузивно образование.

На крајот, учесниците добија задача како дел од нивното работно портфолио, да подготват студија на случај преку спроведување самоевалуација на наставници, родители и ученици користејќи го индексот на инклузија. Истата ќе ја споделат со другите учесници на наредната обука.

На работилницата директно дискутиравме за прашања кои не засегаат и изнаоѓавме практични решенија. Во секој дел од обуката, обучувачите нè мотивираа сите да бидеме активно вклучени“, велат учесниците на обуката.

Оваа активност е дел од проектот „Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура”. Проектот се фокусира на инклузивна едукација, при што ги користи најдобрите практики од Словенија и Холандија.