Позади нас е уште една успешна година исполнета со многу достигнувања и успешни приказни:
- повеќе од 16.050 ученици и 3.210 наставници учествуваа во активности за позитивни промени и зајакнување на граѓански компетенции
- 200 грантови беа дадени за поддршка на млади и училишта во спроведувањето на различни активности
- околу 50 публикации и едукативни и промотивни материјали беа изготвени
- 2.763 ученици беа поддржани да се запишат во средно стручно образование во дуални паралелки
- 10 настани беа организирани за претставување на постигнувања
Во 2022 година, го прославивме и нашиот 18 роденден!
Продолжуваме во новата година да работиме на уште поголеми достигнувања и успеси!
Ви посакуваме среќни празници.