Награден конкурс за најдобри фотографии

3168

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието организира конкурс за најдобри фотографии на темите:
(1) меѓуетничка интеграција во образованието;
(2) граѓански и демократски вредности кај младите.
Целта на конкурсот е да се покрене јавната свест за важноста на меѓуетничката интеграција, како и развивањето на граѓански и демократски вредности кај младите.

Право на учество
На конкурсот може да учествуваат сите наставници од сите основни и средни училишта во Република Македонија.
Секој учесник може да достави најмногу до две фотографии (по една за секоја од темите).

Правила на учество
Фотографиите треба да се достават со име и презиме, училиште и општина, како и контакт телефон, со назнака „За фото конкурс“, на: mimo.aplikacii@gmail.com
Заедно со секоја фотографија треба да се достави и краток опис на истата (1-2 реченици).
Краен рок за доставување на фотографиите е 31 март 2018 година.

Начин на гласање и награди
По првичната селекција на фотографии од страна на комисијата на проектот, пристигнатите фотографии ќе бидат објавени на Фејсбук страницата на Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО), каде што ќе може да се гласа за нив.
Гласањето ќе трае од 10 април до 20 април 2018 година.
За двете теми ќе се одберат по три најдобри фотографии.
Првопласираните две фотографии ќе бидат наградени со лаптоп, второпласираните дела ќе добијат таблет, а за третите места предвиден е дигитален фото апарат.

Фотографиите мора да се во согласност со законските прописи за правата на интелектуална сопственост и правото на приватност. Организаторот го задржува правото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).