Пораки за мир и единство на #YEIforPeaceDay

1744

Над  200 балони беа пуштени кон небото, секој со порака за мир, на настанот #YEIforPeaceDay, што се одржа на 21 септември во организација на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието и со кој се обележа Меѓународниот ден на мирот. Преку конкретни заеднички активности на учениците, истовремено настанот беше интерактивна и интересна пред-промоција на проектот и неговите претстојни активности.

На настанот се слушаа гласовите и смеата на 120 ученици од различни возрасти, училишта, етнички припадности и градови додека заедно дебатираа за нивните ставови во врска со мултикултурализмот и улогата на младите во општеството, играа забавни спортски игри и садеа дрва во училишниот двор на СУ „Ѓорѓи Димитров“ од Скопје. Настанот им овозможи на наставниците и посетителите да погледнат некои од  активностите чиешто спроведување во основните и средните училишта во Македонија ќе биде поддржано од страна на проектот во наредните 5 години.

Длабоко во себе чувствувам дека сите сме исти“, изјави еден од учениците кој садеше дрва заедно со своите нови другари од другите училишта кои учествуваа. По дискусијата со другите ученици за различните ставови во врска со мултикултурното општество, друг ученик заклучи: „Сакам да знам за другите култури во Македонија“. Проектот ќе ги поддржува токму активностите во кои учениците можат да научат повеќе едни за други и да ги откријат работите кои што ги обединуваат.

Сепак, создавањето на повеќе можности за меѓуетничка кохезија помеѓу младите во образовниот систем е една од областите во коишто проектот ќе ги поддржува училиштата во иднина. Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието исто така ќе пружи поддршка при создавање на услови за култивирање на демократски и граѓански вредности и однесувања на младите, коишто се неопходни за градење на силно, демократско општество.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

 

Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одоворност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.