МЦГО на Светскиот самит за иновација во образованието

1961

Претставници од Македонски центар за граѓанско образование учествуваа на овогодинешниот Светски самит за иновација во образованието (WISE Summit 2017) кој се одржа во Катар, Доха во периодот 14-16 ноември, 2017 година.

WISE самитот е меѓународна конференција посветена на унапредување на образованието и е организирана од страна на Катарската Фондација за образование, наука и развој на заедниците. Оваа година Самитот се оддржа под мотото “Co-Exist, Co-Create: Learning to Live and Work Together”.

На Самитот кој е веќе истакната платформа за дискутирање на современите предизвици од областа на образованието, учествуваа преку 2000 експерти од повеќе од 100 држави. За време на Самитот, претставниците од МЦГО имаа одлична можност за учење од истакнати говорници, но и за голем број на средби и размени на искуства преку интерактивни панел дискусии и практични работилници.

За да дознаете повеќе, посетете ја официјалната веб страница на 2017 WISE Summit.