Лоцираме проблем, бараме решение

2276

Брз и небезбеден сообраќај, непостоење на пешачки премин, потреба за изградба на амбуланта, спроведување на хуманитарна акција и рециклирање за почиста животна средина.

Вака изгледаше листата на „проблеми“ која учениците од основно училиште „Живко Брајковски“ од Општина Бутел ја подготвија со поддршка од своите наставници на првата од циклусот од четири работилници насловени „Лоцираме проблем, бараме решение“.

На работилницата, која се одржа на средината на март 2018 година, учествуваа 22 ученици од македонски и албански наставен јазик, кои поделени во четири групи беа ставени во улога на ученици, граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и претставници на општината. Секоја група имаше задача да избере еден проблем кој ги засега граѓаните во општината и преку меѓусебна комуникација и соработка да понуди можни решенија.

Својата соработка овие ученици ќе ја продолжат на следната средба на која секоја група ќе изработи портфолио за својот проблем заедно со понудени решенија.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одоворност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.