Иницијална средба со претставници од пилот училишта и општини

2394

Тимот на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието оствари средба со околу 120 претставници од 40 пилот училишта од 9 општини во кои ќе се спроведуваат проектните активности во текот на учебната 2017/ 2018 година.

Иницијалната средба се одржа на 13 ноември 2017 година, со цел да се презентира проектот, како и програмите за мали грантови за заеднички ученички активности и иницијативи и грантови за реновирање на училишта.

Преку програмата за мали грантови, Проектот ќе поддржи активности кои придонесуваат за интеракција и соработка, а истовремено и за развивање на демократски вредности кај младите од различни етнички заедници. Како дополнителен стимул за училиштата и заедниците да учествуваат во вакви активности, преку програмата за реновирање на училишта ќе се подобри средината за учење во училишните објекти.

По презентацијата на проектните активности, на средбата се дискутираа претстојните заеднички чекори – координативни средби со пилот општините и училиштата. Добрите практики од пилот училиштата ќе се користат за подобрување на програмата, пред да се зголеми бројот на училишта вклучени во Проектот во наредните години.

Оваа активност е дел од Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Американски Држави (УСАИД).

Оваа вест е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Содржината е одоворност на МЦГО и не ги изразува ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски држави.