18 години МЦГО!

461
Денес, МЦГО слави 18 години од своето постоење! Погледнете 18 факти што ги одбележаа овие 18 години:
  1. Постојана работа кон демократски промени во општеството
  2. Подобрување на наставата за граѓанско образование
  3. Унапредување на меѓуетничка интеграција во образованието
  4. Вклучување на учениците во процесот на одлучување за гласот на младите да биде слушнат
  5. Обезбедување поголема инклузија во образованието
  6. Соработка со сите основни и средни училишта во државата
  7. Подобрување на условите за учење и работа на илјадници ученици и наставници преку реновирање на училишта
  8. Соработка и поддршка на сите општини во државата
  9. Партнерства со образовните институции
  10. Градење на капацитети на училишниот кадар и општините
  11. Поддршка на училиштата во создавањето на системски промени преку активно учество на наставниците, училишните директори и стручните и техничките служби
  12. Реализација на програми и обезбедување услуги на образовните и други јавни институции, невладиниот сектор, локалните заедници, деловниот сектор и граѓаните за континуиран развој на граѓанското општество
  13. Унапредување на локалните заедници
  14. Поддршка и промоција на средно стручно образование
  15. Изготвување, објавување и дистрибуирање на повеќе од 97.000 прирачници, брошури, други публикации и едукативни материјали до институциите, општините и училиштата низ државата и изготвување на промотивни видео материјали
  16. Патувања во сите краеви низ државата
  17. Тимска работа и грижа едни за други бидејќи само така можеме да изградиме подобро утре за сите
  18. Славење полнолетство со надеж за уште поголеми успеси и достигнувања

Ви благодариме што сте дел од нашата приказна! Да продолжиме да ја пишуваме заедно и да славиме уште многу родендени! 🎉