Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието објави јавен повик за аплицирање за учество во Компонента 3-Стимул за училиштата/Реновирање, при што беа поканети да учествуваат сите основни и средни училишта од сите општини во Република Северна Македонија. Рокот за поднесување на апликациите беше од 13-ти февруари, 2019 година до 27-ми февруари, 2019 година. Во дадениот рок пристигнаа апликации од 195 училишта од 66 општини кои потоа беа администрирани и испратени на оценување до сите членови на комисијата поединечно.
Членовите на комисијата ги евалвираа сите апликации, што беше многу обемна задача која бараше повеќе време и посветеност. По сумирање на резултатите се формира ранг листа од која потоа произлезе листата од 12 училишта кои ќе бидат вклучени во работата на компонентата во 2019 година.
На сите училишта кои аплицираа им благодариме за посветеноста и интересот за аплицирање. Неизмерно го цениме вашиот ентузијазам и ангажман во реализирањето на активностите кои промовираат граѓански и демократски вредности кај младите и меѓуетничка интеграција во образованието.
Листата на избрани училишта е дадена во табелата подолу.
Листа со 12 училишта избрани во компонента 3 за 2019 година
Бр. | Регион | Општина | Име на училиштето | Наставен јазик |
1 | Скопје | Центар | ОУ Коле Неделковски | МАК |
2 | Вардар | Велес | ОУ Блаже Конески | МАК |
3 | Југозапад | Охрид | ОУ Ванчо Николески | МАК |
4 | Југоисток | Гевгелија | СОУ Јосиф Јосифовски | МАК |
5 | Скопје | Драчево | СОУ Браќа Миладиновци | МАК-АЛБ |
6 | Скопје | Шуто Оризари | ОУ Браќа Рамиз-Хамид | МАК |
7 | Југозапад | Кичево | ОУ Кузман Јосифоски-Питу | МАК |
8 | Скопје | Карпош | ОУ Аврам Писевски | МАК |
9 | Скопје | Чаир | ОУ Никола Вапцарев | АЛБ-МАК |
10 | Полог | Боговиње | ОУ Сабедин Бајрами | АЛБ |
11 | Вардар | Неготино | ОУ Гоце Делчев | МАК |
12 | Југоисток | Конче | ОУ Гоце Делчев | МАК-ТУР |
Изборот на училиштата кои ќе бидат вклучени во 2019 г. во рамки на компонента 3 не подразбира дека истите ќе бидат реновирани. Тоа ќе зависи од вклученоста на училиштата во останатите активности на Проектот.