Што мислат учениците од СУГС „Владо Тасевски“ за заедничките часови?

388

Глорија и Тамара:

Заедничките часови за сите нас беа нешто ново, несекојдневно. Најпозитивно во заедничките часови за нас беше дружбата со нови ученици. Иако не бевме од иста религија, сите бевме еднакви.

Заедно учевме и совладувавме нови работи за кои досега не сме знаеле. Заедно работевме на задачите кои ни ги задаваа нашите професори. Иако од страна на нас, учениците, владееше многу повеќе тишината сепак бевме исполнети во секоја секунда од часот затоа што бевме заедно сите, без било каква поделба. Потешко ни беше тоа што бевме онлајн. Се срамевме затоа што не се познававме едни со други.

Благодарност до нашите професори кои часовите ни ги правеа интересни. Се трудеа многу да ни објаснат и да не научат. Сигурни сме дека кога ќе тргнеме во училиште со физичко присуство ќе  бидеме поопуштени на часовите и ќе ги видиме нашите нови другари.

Лаид:

Најпрвин, почестем сум што ја имам можноста да бидам меѓу избраните ученици за учество во овој проект.

Многу е добро чувството кога кај младите нема меѓуетничка омраза. Ние сме одржале заеднички часови со македонската паралелка и не сме имале ниту еден проблем.

Научивме двете страни да бидеме исти, нема дискриминација, се забавуваме со разни квизови, некој подобро, а некој послабо, но тоа нема никаква важност; важно е да разбереме дека сме добри еден кон друг, учтиви сме и разбрани. Најголемата лекција и придобивка е тоа што сфативме дека и двете страни сме луѓе и се надеваме и трудиме да бидеме што подобри еден кон друг!