Омер:
Навистина сум презадоволен од нашите МИО часови кои ги држевме со проф. Ајлин Карахсан по англиски јазик заедно со една од албанските паралелки. Тоа што ми беше најинтересно на овие часови е дека истовремено го усовршував англискиот јазик, а воедно и научив неколку нови зборови и на албански јазик.
Амра:
Трета година сум. Практичната настава ни е со физичко присуство. Жал ми е што оваа последна година ни е онлајн. Но, најдоброто и наинтересното оваа година беа заедничките часови со lll–3. Професорката Светлана и професорката Нуриман ни го направија часот многу интересен.
Со Тиана, Берна, Антан, Албина и останатите правевме заеднички трудови. За време на наставата имавме многу хумор, за време на разговорите учевме нови зборови кои што не ги знаевме и останатите го учеа албанскиот јазик. Со малку грешки, но и тоа беше интересно. Ние зборувавме многу меѓу себе за нашите култури.
Тиана за Велигден ни донесе јајца обоени во шарени бои. Ги кршевме заедно и тоа беше искуство кое досега не сме го доживеале. А јас, кога имавме Бајрам, им донесов слатки. Ние иако ја завршивме lll-та година, ќе продолжиме да комуницираме.
Викторија:
Во текот на оваа учебна година, бевме дел од програмата за МИО интеграција. Бевме споени со албанска парарелка. На почетокот ништо не ни беше јасно, но со тек на часовите подобро се запознавме и многу подобро почнавме да функционираме.
Ни беше многу мило што имавме можност да се запознаеме со нови личности, а тие личности подоцна да станат наши пријатели. Но, онлајн наставата ја отежна целата наша дружба, се надеваме дека следната година ќе бидеме присутни со физичко присуство и дека ќе се дружиме сите заедно во нашето училиште.