Што мислат учениците од СУГС „Браќа Миладиновци“ за заедничките часови?

402

Даниела:

Нашето училиште е познато по тоа што сме мултиетничка заедница и спроведуваме часови заедно со албански паралелки. Така што, сум дел од часовите по Анатомија каде што како ученик гледам одлична соработка меѓу професорите и помеѓу нас учениците. Се трудат подеднакво и двајцата професори. Соработката е одлична како и комуникацијата помеѓу сите нас. 

Хадиса:

Како ученичка во lll-4 година од средното училиште „Браќа Миладиновци“ се чувствувам многу задоволна од часовите по меѓуетничка интеграција што сме ги реализирале заедно со македонската страна. Да работиш доброволно е навистина големо постигнување во животот. Особено кога работите со прекрасни професори како професорот Суат Абдула и професорката Биљана Николовска. Задоволство е кога се разбираме на најдобриот начин што ни доликува нам како човечки суштества.

Заедно го достигнуваме врвот! Благодарам од срце за овој прекрасен проект, ние стекнавме добри пријатели со македонската страна во lll-1 година.