329

Б А Р А Њ Е

За прибирање на понуди

Бр. МИМО.Р.04/22, МИМО.Р.05/22, МИМО.Р.06/22, МИМО.Р.07/22 и МИМО.Р.08/22

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи и машински инсталации, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) „Поставување на нова фасада“ во основното училиште “Милто Гурра“ во с.Стрелци, општина Кичево; 2) „Реконструкција на ограда на училишниот двор“ во основно училиште „Јоаким Крчовски“ во општина Крива Паланка; 3) „Реконструкција на кров во подрачно училиште во с.Орешани“ во основното училиште „Марко Цепенков“ во општина Зелениково; 4) „Реконструкција на училници“ во основно училиште „Славејко Арсов“ во с.Подмочани, општина Ресен и 5) „Поставување на нови подови“ во основното училиште „Хасан Приштина“ во општина Чаир. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 13 април 2022 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, спрат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30).

Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 27 април 2022 година, до 14:00 часот во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.