489

Б А Р А Њ Е

За прибирање на понуди Бр. МИМО.Р.12/21

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) Промена на внатрешна столарија и влезна врата“ во основно училиште „Браќа Миладиновци“, општина Пробиштип. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 10 септември 2021 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30).

Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 24 септември 2021 година, до 14:00 часот во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.