186

Б А Р А Њ Е

За прибирање на понуди Бр. МИМО.Р.01/22, МИМО.Р.02/22 и МИМО.Р.03/22

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи и машински инсталации, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) „Поставување на нови прозори“ во основното училиште “Ристе Ристески“ во с.Долно Косоврасти, општина Дебар, 2) „Поставување на нови прозори“ во средното општинско училиште – гимназија „Гостивар“ во општина Гостивар и 3) „Реконструкција на кров на спортска сала“ во основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 23 февруари 2022 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, спрат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30).

Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 9 март 2022 година, до 14:00 часот во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.