Б А Р А Њ Е
За прибирање на понуди
Бр. МИМО.Р.09/22, МИМО.Р.10/22
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи и машински инсталации, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) „Реконструкција на ограда на училишниот двор“ во основното училиште „Св. Климент Охридски“ во општина Бутел; 2) „Реконструкција на подрачно училиште во с. Ѓурѓевиште“ во основно училиште „Наим Фрашери“ во општина Врапчиште. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 10 јуни 2022 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, спрат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30).
Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 24 јуни 2022 година, до 14:00 часот во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.
Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.