237

Б А Р А Њ Е

За прибирање на понуди

Бр. МИМО.Р.11/22, МИМО.Р.12/22

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) „Реконструкција на спортска сала“ во основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Свети Николе; 2) „Реконструкција на кошаркарско игралиште“ во основно училиште „Кочо Рацин“ во општина Кратово. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 17 јуни 2022 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, спрат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30).

Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 01 јули 2022 година, до 14:00 часот во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.