661

Б А Р А Њ Е

За прибирање на понуди Бр. МИМО.Р.07/21, МИМО.Р.08/21 и МИМО.Р.09/21

Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран одМакедонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи и машински инсталации, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) „Реконструкција на спортска сала“ во ДСУРО „Св.Наум Охридски“, Скопје, 2) „Реконструкција на тоалети во централното училиште во Сарај и во подрачното училиште во с.Љубин“ во ОУ „Дитуриа“, општина Сарај и 3) „Реконструкција на спортска сала“ во ОУ „Фаик Коница“ во с.Дебреште, општина Теарце. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 23 јули 2021 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30). 

Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 06 август 2021 година, до 14:00 часот во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.

Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.