Б А Р А Њ Е
За прибирање на понуди Бр. МИМО.Р.04/21, МИМО.Р.05/21 и МИМО.Р.06/21
Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието (МИМО) имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) ги повикува сите квалификувани и лиценцирани фирми за изведба на градежни работи и машински инсталации, а кои се регистрирани и работат во Република Северна Македонија да поднесат понуди за проектите: 1) „Реновирање на тоалети“ во ОУ „Никола Карев“ во с.Борино, општина Крушево, 2) „Реконструкција на кров“ во ОУ „Кузман Јосифовски Питу“, општина Кисела Вода и 3) „Инсталирање на нов котел за греење“ во СЕПУГС „Арсени Јовков“ во Бутел, Град Скопје. Заинтересираните страни можат да побараат копија од тендерската документација почнувајќи од 05 јули 2021 година во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје. Телефон за информации: 070/225 323 (од 8:30 до 16:30).
Сите понуди треба да бидат доставени не подоцна од 19 јули 2021 година, до 14:00 часот во просториите на Проектот на улица Васил Ѓоргов 16, кат 2 (Т.Ц. Зебра) во Скопје.
Забелешка: Прибирањето на понуди за горенаведените барања не подразбира и автоматско доделување на договор за работа.