Времетраење: 3 ноември 2021 – 31 март 2022 година
Донатор: Канцеларија на УНИЦЕФ во Северна Македонија
Цел: Предложената активност има за цел да се надоврзе на Програмата за социјално и емоционално учење (СЕУ), развиена и спроведена од страна на УНИЦЕФ во сите активни јавни предучилишни установи во земјата, со цел да се обезбеди нејзина одржливост и по завршувањето на проектот со користење на двократен пристап: 1) градење на воспоставената мрежа на наставници за поддршка на колегите со цел да се креираат самоодржливи професионални заедници за учење поврзани со поширокиот систем за кариерен развој на наставниците; 2) подобрување на интерактивната практика и социјалното и емоционалното учење во училниците и дома, со прикажување на најдобрите практики и ресурси за практичарите и наставниците, преку одржување на настани во заедницата и регионална конференција.
Очекувани резултати:
• Формирање на професионални заедници за учење, со обучени 180 лидери на ПЗУ;
• Развиен модул од 8 дела за Професионални заедници за учење;
• Засилена интерактивна практика и оцијално и емоционално учење во училниците и дома, со 12 настани за споделување и играње организирани во 12 предучилишни установи во Северна Македонија и 250 учесници (наставници и родители) вклучени во настаните за споделување и играње, како и еден вебинар за СЕУ;
• Организирана една голема регионална конференција за СЕУ.