Зајакнување на капацитетите на директорите на училиштата за градење инклузивна училишна култура

1015

Времетраење: декември 2019 – декември 2022

Имплементатори: Македонски центар за граѓанско образование (МЦГО), Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ (Сeверна. Македонија),  Форум за слобода во образованието – ФСО (Хрватска), Мрежа на центри за образовни политики  – НЕПЦ (Хрватска), Отворена Академија Чекор по чекор (Хрватска),  Институт за едукативни истражувања (Словенија), Национална школа за лидерство во образованието (Словенија), NSO-CNA  Академија за лидерство (Холандија)

Цел: Обезбедување поддршка на училиштата во развој на инклузивна училишна култура преку професионализација на директорите на основните и средните училишта во Хрватска и Северна Македонија, користејќи ги позитивните практики од Словенија и Холандија. Програмата се фокусира на инклузивно образование и ќе помогне во градењето на капацитетите на училиштата во создавањето инклузивна училишна култура, создавање инклузивни училишни политики и практики преку учество во процесот на донесување одлуки.

Опис на проектот:  Во рамките на проектот планирано е иницијално истражување со директорите, наставниците, стручните служби и учениците од 20 средни училишта (15 проектни и 5 контролни училишта)во Северна Македонија за утврдување на почетната состојба на инклузивната училишна култура. Откако ќе се утврди почетната состојба, следи програма за обука на училишните директори која се состои од 5 дводневни обуки на теми: управување со училиште, анализа на училишната култура, соработка со социјални партнери, инклузивно и квалитетно образование, спроведување активности во училиштето наменети за подобрување на училишните политики и практики. Со цел утврдување и вреднување на ефектите на програмата ќе се реализира и финално истражување. Проектот соработува со сите релевантни институции за поддршка на процесот на градење инклузивна училишна култура. За времетраење на проектот исто така ќе бидат организирани активности за промоција  како тркалезни маси и конференции.

Очекувани резултати:
• Усвоени и имплементирани 5 модули за инклузивно образование за директорите од 15 средни училишта;
• 15 директори од средни училишта ги унапредија своите знаења и вештини за создавање инклузивна училишна култура во училиштата;
• Учениците од 15 проектни училишта имаат директна придобивка од подобрената инклузивна училишна култура во нивните училишта, што води кон поинклузивна заедница и општество;
• Подигнување на свеста кај засегнатите страни во образованието на национално ниво за релевантноста на професионалниот развој на директорите на училиштата.

Повеќе информации за проектот, може да погледнете на линкот.